KTM – 1290 Super Duke RR

Занимливости Моторцикли

Распродаден за 48 минути!

Иако никаде не се споменува цената, сите 500 примероци се продале рекордно брзо…

објавено 15. април 2021

После долго време развој, KTM је претстави новата екстремна варијанта на Super Duke 1290. Според нивното соопштение зад двојната R ознака се крие ѕвер со фокус на перформансите без никакви ограничувања. На мото-фановите подолго објаснување не им ни требаше бидејќи целата предвидена количина од 500 примероци беше распродадена за само 48 минути. Тие ја препознаа ексклузивноста на моделот разработен до перфекција чии тркачка ергономија и техника за почит обезбедуваат ултимативно задоволство во возењето. Со исфрлувањето на седиштето за сопатникот, употребата на јагленородни влакна и други зафати тежината му е намалена на 180 килограми. Бидејќи стандардниот V-твин агрегат од 1.301 кубен сантиметар развива 180 коњски сили, перформансите можат да се претпостават. Колкави се KTM не објавува, но кажува дека за нивна контрола се грижат додадените два нови режими на возење. Ревидирани се и сите клучни компоненти, меѓу кои посебно внимание привлекуваат тркачката вилушка и задниот амортизер. Цената никој не ја споменува.