Колку чинат казните за брзо возење низ светот?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Швајцарија води, Судан казнува симболично

Брзото возење се смета за сериозен прекршок, предизвикува високи казни и одземање на возачката дозвола.

Секој возач сака да се испроба себе си автомобилот на големи брзини. Често, во тој занес се заборава на ограничувањата на брзината на движењето на јавните патишта. Ентузијазмот понекогаш го смируваат сообраќајната полиција со ласерски мерачи на брзината, а во повеќето европски држави прекршоците ги регистрираат камерите по што се издава казна за пречекорување на брзината. Тоа е непријатно и фрустрирачко искуство, особено поради висината на глобата и реперкусиите што може да настанат во зависност од колку сте ја пречекориле пропишаната брзина. Секоја земја во светот има свои правила и затоа висината на казните за брзо возење варира од 0,05 евра во Судан до 11.750 евра во Швајцарија. Насекаде брзото возење се смета за еден од најголемите фактори за сообраќајни несреќи.

Според студијата на Светската здравствена организација, повеќе од 1.000 луѓе ги губат своите животи секој ден ширум светот во сообраќајни несреќи, а повеќето од нив се поврзани со брзо возење. Затоа, секоја влада мора да се бори против брзото возење, и затоа предвидуваат казни за брзо возење и одземање на дозволите. Во зависност од земјата, казните за брзо возење се или фиксни или се засноваат на приходот на возачот. Ова е паметен начин да се осигурате дека богатите возачи нема да ги гледаат глобите за брзо возење како обична непријатност. Ова е и причината зошто најтешките казни се издаваат во земјите со систем заснован на материјалниот статус, а повеќето од нив се во Европа. Светскиот рекорд го држи швајцарски возач кој беше казнет со 709.000 швајцарски франци или околу 687.000 евра во Швајцарија откако помина покрај камера за брзина со 290 км/ч. Дијаметрално спротивна е состојбата во Судан каде максимална казна за брзо возење е фиксна и изнесува 0,05 евра, односно, неверојатни 3 (три) денари!

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER