Која е тајната на евтините кинески ЕВ?

Јапонците по детални анализи ги открија тајните на кинеските евтини ЕВ возила

Јапонците се темелни во сé што прават. Сакајќи да дознаат како кинеските ЕВ постигнуваат ниска цена, тие купија и расклопија десетина автомобили на кинеските марки, а најмногу под лупа го ставија BYD. По деталните анализи јапонските инженери ги дадоа своите согледувања кои се сведуваат на три клучни резултати

 

  1. Внатрешно производство на поголемиот дел од компонентите

BYD, на пример, успева да ги намали трошоците бидејќи самата компанија произведува што е можно повеќе компоненти во своите производствени погони и ги интегрираат во производите. Не се работи само за батериите, туку и за електричните мотори, инверторот, менувачот и контролната единица. Така,  освен прозорците и пневматиците, BYD сам ги произведува сите компоненти на малиот Dolphin.

  1. Мал број на делови

Инженерите од Јапонија беа изненадени од малиот број делови што ги користат BYD и Tesla. Тие се способни да комбинираат компоненти за да ги намалат трошоците. BYD интегрира делови, како што е неговата 8-во-1 платформа, која вклучува мотор, инвертер и редуктор за да ги намали трошоците. Тесла има сличен пристап. Најдобар пример е структурата на Model Y, која се состои од само два главни парчиња наместо 70 посебни елементи како во помалиот модел 3.

  1. Стандардизирање на делови

Кинезите применуваат делови за стандардизација во повеќе модели на возила благодарение на нивните 100% ЕВ платформи.

Значи, не се работи за евтина работна сила, се работи за иновација и креативност.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER