Објавено пред 10 години…
Можете ли да замислите како изгледа сообраќаен метеж во Кина? А како изгледа на наплатна станина за патарина на автопат кога жителите на Пекинг се враќаат од долг викенд? Е така беше неодамна кога Народна Република Кина го прослави својот национален празник, кој, како што доликува, траеше 7 дена. И нормално, сите ги искористија да отпатуваат некаде. А кога се вратија ги пречека она што го гледате, што ние ќе го поткрепиме со неколку бројки:
– број на жители на Пекинг: 21,5 милиони
– наплатни станици на патарината: 50
– граѓани на Кина кои празниците ги искористија да отпатуваат некаде: 750 милиони
видео