Ќе се пресели ли трговската војна меѓу САД и ЕУ во Кина?

Ќе се пресели ли трговската војна меѓу САД и ЕУ во Кина?

Објавено на 6 јули 2018 година

Истовремено со стапувањето на сила на новите царински давачки што САД ги воведе за мноштво кинески производи, претседателот Доналд Трамп од Вашингтон испраќа сигнали до ЕУ дека би било мудро да ги надминат разликите околу екстра-царинењето на европските автомобили. Конкретно се нуди компромисно решение кое макар и привремено ќе го намали дотурот на масло во воениот оган што на трговски план Трамп го распламти со ЕУ, префрлајќи го на тој начин неговиот епицентар меѓу САД и Кина како поголема закана. Според изјавата на американскиот амбасадор во Германија упатена до директорите на Daimler, Volkswagen и BMW, Трамп ќе престане да се заканува со царините за увоз на автомобили од Европската Унија доколку Брисел ги укине царините на американските автомобили. Бидејќи реално не постои никаква причина американските автомобили да се царинат оти тие скоро воопшто и да не се продаваат на европскиот пазар, единствената пречка што стои пред прифаќањето на овој компромис се правилата на светската трговска организација кои налагаат оваа давачка да биде укината и за сите други автомобили, не само за американските.

Во моментов САД наплатува 2,5 отсто царина на увоз на автомобилите, но и 25 отсто за комерцијалните возила. ЕУ пак пресметува 10 отсто на американските возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER