Stellantis ќе ги продава моделите на кинескиот Leapmotor во Европа, првите два електрични модели се мал автомобил и кросовер од средната класа
Старата мудрост „ако не можете да ги победите, придружете им се“ ја употребува една од најголемите светски групации за производство на возила. Како дел од својата електрична иднина групацијата Stellantis го форсира својот кинески партнер Leapmotor.
И покрај сите пречки што ЕУ ги, и ќе ги поставува пред кинеските производители, договорено е во септември европско-американската групација на стариот континент да започне да ги продава првите од шесте автомобили кои треба да се појават до 2028 година. Да биде иронијата уште поголема, покрај деветте европски земји, во четвртиот квартал на годинава ќе следи остатокот на светот.
Stellantis, како и сите западни производители на автомобили на масовниот пазар, го губи чекорот со кинеските брендови кои произведуваат електрични возила за иста цена како автомобилите со мотори со согорување. Затоа минатата година плати 1,5 милијарди евра за да стане сопственик на 21 процент од акциите во Leapmotor. Како резултат на тоа ќе пристигнуваат електрични возила од Кина.
Дали тоа ќе биде ханибалистички потег на своите напори да обезбеди евтини БЕВ од своите членки од традиционалните марки како Citroen, Opel, Peugeot и FIAT ќе покаже времето?! Прв пристигнува градски автомобил T03 и исто така електричен кросовер C10, кој е приближно со иста големина како Tesla Model Y. T03 е мал хечбек со четири врати, поголем од Dacia Spring, придвижуван од единечен електричен мотор кој произведува 74 kW и поминува 265 км помеѓу полнењата.
Stellantis ќе го произведува T03 во Полска, но C10 ќе биде испорачан од Кина. И со оглед на тоа што Tesla Model Y беше најпродаваното возило во Европа минатата година, C10 е веројатно најважниот од двата нови БЕВ, и покрај општото забавување на побарувачката за електрични автомобили. C10 нема да се натпреварува директно со Model Y, но може да се покаже примамлив за купувачите на кои им се допаѓа идејата на Tesla, но не можат да си ја дозволат цената.
Има пет седишта, 170 kW и може да помине 420 км со потполно полнење на батеријата. Тоа не е врвно во класата, но може да биде доволно ако цената е соодветна. Франција, Италија, Германија, Холандија, Шпанија, Португалија, Белгија, Грција и Романија се првите кои ќе ги добијат БЕВ на Leapmotor. Потоа во четвртиот квартал на 2024, Stellantis ќе го лансира брендот на Блискиот Исток, Африка, Индија, Азија Пацифик и Јужна Америка.