Проблемите на светската авто-индустријата се продлабочуваат
Некои ги нарекуваат „златно оружје“, со право – светската индустрија посебно автомобилската е во голема зависност од ретките метали. А нив ги има најмногу во Кина, чии пак производители се соочуваат со безброј бариери за да ги продаваат своите возила низ странство. Затоа Кинезите решија да го „дисциплинираат“ светот и да им покажат на сите дека зависат од нив и нивната експлоатација на ретките метали. И навистина – најновата одлука што доаѓа од таму ќе ги погоди сите – извозот на овие стратешки репроматеријали и технологиите за нивна преработка се заострува. Според новите правила нивните производители ќе мора да набават посебни извозни дозволи, додека пак делењето на технологиите за рударење, преработка, производство на магнети и рециклирање ќе биде забрането без изричито одобрение. Со други зборови, Кина цврсто го затвора пристапот на ресурсите, исто како што и другите им прават на нивните извозници на електрични возила.