Кинезите го возвраќаат ударот
Кинеска влада соопшти дека поднела жалба до Светската трговска организација заради царините кои Европската унија ги воведе за електричните автомобили произведени во земјата. Во неа се наведува дека кинеските власти биле приморани да ги покренат механизмите за решавање на трговските спорови предвидени од страна на Светска трговска организација за да ги заштитат развојните права и интересите на сопствената индустрија која треба да игра голема улога во глобалната зелена трансформација. Според нив, целокупната државна поддршка што производителите на електрични возила ја имаат добиено е во согласност со правилата на СТО. Двете страни имаат рок до почетокот до ноември да се обидат да ги решат несогласиците околу тоа. Дополнително, како одговор на царините на ЕУ, Кина покрена истрага за извозот на француски коњак и европско свинско месо, што може да се развие во вистинска економска војна.


