Правилата за продажба на електрични возила во странство се заоструваат
Често слушаме дека во Кина има сто, двесте или којзнае колку производители на електрични возила – точната бројка веројатно ја знаат само во нивните министерства но таа воопшто и не е битна. Она што е битно е дека секој еден од нив има нескротлива желба своите производи да ги продава во странство затоа што таму парите се многу поголеми. Од таа причина, согледувајќи дека може да дојде до сериозно нарушување на имиџот на земјата која се бори да го отстрани стереотипот дека нејзините производи се евтини и неквалитетни, властите одлучија да ги заострат правилата за продажба на електрични возила во странство. Не многу но суштински – од 1 јануари идната година извозниците ќе мора да побараат дозвола за тоа. Дополнително, повремено ќе се вршат царински контроли да се провери дали извозникот навистина ги почитува условите за нејзино добивање, како што е обезбедувањето постпродажна и сервисна поддршка. Едноставно и веројатно ефикасно.
Од јануари до август Кина има извезено скоро милион ипол електрични возила.


