Kia Sorento – ниже награди

Вести

Црвена точка за Sorento

Престижните награди за дизајн  Red Dot и iF Award во витрините на Sorento

објавено 15. април 2021

Новиот Kia Sorento кој досега повеќе пати беше наградуван освои уште две глобални признанија. Двете се однесуваат на дизајнот на возилото. Првата е реномираната „Црвена Точка“ која моделите на KIA ја имаат освоено 26 пати. Слична е состојбата и кај iF Award за дизајн која се сретнува кај корејскиот производител 21 пат. Со овие последни признанија, марката Kia ја продолжува својата извонредна серија на успеси во двете конкуренции. Кусо по премиерата минатата година, новиот Sorento беше почестен за неговиот извонреден дизајн во натпреварот за „Автомобил со погон на сите тркала за 2020 година“ од Auto Bild Allrad. По кратко време, ја доби најважната германска автомобилска награда, „Златен управувач 2020“ во класата „Големи SUV изведби“, а во март годинава беше изгласан за „Светски автомобил на жените за 2021 година“ во категоријата „Голем SUV“.