KIA – EV9

насловна Поглед во иднината

Поблиску до природата

Агендата која си ја постави се развива во саканиот смер

Следејќи ја зацртаната агенда за претставување 11 електрични модели до 2026-тата, KIA претстави концепт со кој се најавува вториот од нив. Иако досега најавен повеќе пати, тој навистина изненади со своите грандиозни димензии и неочекуван дизајн. Корејците решија таков да биде за да го извлече максимумот од наменската платформа за електричните возила од новата генерација. Затоа иако е со должина од скоро пет метри и широчина од два метри и пет сантиметри, овој концепт со ознака EV9 сепак има складни пропорции.

Нарушени со чистите но премногу искршени линии и префутуристичките дизајнерски зафати, тие не оддаваат впечаток дека вакво нешто ќе се прелее и во серискиот модел кој треба да го очекуваме во 2024 година. Истиот стил владее и во енормната кабина која има простор за три реда седишта и врати кои широко се отвораат една наспроти друга. Но и покрај сé, некои стилски детали дефинитивно ќе се сретнат во идната гама на KIA, како што е изгледот на предниот дел или минимализмот на ентериерот. Се забележуваат недостатокот на ретровизори место кои се користат камери и екранот во внатрешноста кој иако изгледа мал има дијагонала од 27 инчи. Она што не се забележува се носачите на покривот кои кога не се користат можат да се вовлечат за да се подобри аеродинамичноста. Корејците засега не наведоа никакви податоци за погонската група или батериите, но тие секако се поврзани со развојниот пат на новата семејна платформа на Hyundai групата.