KIA EV9 – Го започна европскиот поход

Новиот знаменосец на KIA е меѓу првите електрични автомобили со седум седишта на пазарот

Европското деби електричниот кросовер EV9 го прави со верзијата GT Line Launch Edition. Моделот има раскошни димензии. Со должина од 5,01 метри, висина 1,78 и широчина од 1,98 метри тоа е најголемиот модел на марката досега понуден во Европа. Изведбата EV9 GT има стандарден погон на сите тркала, испорачува 283 kW, спринта до стотка за 5,3 секунди и има батерија од 99,8 kW која овозможува автономија до 497 километри според WLTP.

Голема предност е способноста на полнење на батеријата. Во идеални услови од десет до 80 проценти потребни се околу 24 минути. Луксузната стандардна опрема опфаќа вентилирани предни седишта, двоен панорамски стаклен покрив и премиум звучен систем Meridian со 14 звучници па сé до најновите технологии како што е дигиталниот клуч од автомобилот.

Големите пропорции дозволуваат опционално EV9 да се нарача како шестосед со две индивидуални седишта во вториот ред. Тие може да бидат слични на предните или ротирачки кои може да се вртат за 90 степени кон отворената врата или 180 степени кон патниците во третиот ред. Подоцна ќе биде понудена основната верзија на EV9, која ќе биде достапна и со погон на задните тркала. EV9 GT Line Launch Edition во Германија се продава за 83.190 евра со седум годишна гаранција која ја вклучува и батеријата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER