KIA EV5 – Компактниот кросовер доаѓа следната година

Корејците на својот EV Day во Сеул го претставија EV5, уште две студии и нови услуги за клиентите

KIA сака да продаде еден милион електрични автомобили ширум светот за две години, а до крајот на деценијата планира да достигне годишно производство од 1,6 милиони примероци. Да се оствари тој план треба многу да допринесе крос оверот EV5 чие сериско производство ќе започне следната година. Во принцип тоа е намален EV9, модел од кого е инспирирана внатрешноста. Централна фигура во интериерот е панорамскиот дисплеј сочинет од два екрани, од 12,3 инчи за групата инструменти и системот за навигација и 5 инчен екран на допир помеѓу. Системите за асистенција вклучуваат помошник за автопат и асистент за автономно паркирање. До пазарното лансирање ќе се усоврши интеграцијата на функциите како што се Vehicle-to-Load (V2L) и Vehicle-to-Grid (V2G) на кои сè уште се работи. Возилото нуди задно седиште за „кампување“ на кое ќе може да се преноќи. Задната конзола има преграда од четири литри што може да се лади и загрева додека полицата за багажот наречена Multi Table се трансформира во маса. Идниот кросовер ќе се произведува во Кина и Кореја. Речено е дека за кинескиот пазар ќе бидат достапни три варијанти со опсег на моќност од 160 kW (218 КС) или 230 kW (313 КС) за верзијата со погон на сите тркала и ќе имаат автономија до 720 километри според кинескиот тест за лесни возила. Верзиите за останатите пазари малку се разликуваат, особено во однос на големината на батеријата за која нема конкретни податоци.
KIA Concept EV3
Она што треба да ја реализира амбицијата на KIA околу волуменот на производство на ЕВ се двете студии кои, како што најавија Кореанците, ќе се реализираат во иднина. Concept EV3 е уште еден компактен кросовер за „милениумски семејства“ и спортски стилизираниот седан Concept EV4.
KIA Concept EV4
Нивен адут, покрај атрактивноста, ќе биде пристапноста. Најавено е цените да се движат помеѓу 33.000 до 47.000 евра. Она што ќе даде добра поддршка на идните купувачи е апликацијата KIA која се планира да биде пуштена во продажба во првата половина на 2024 година. Таа е наменета да им понуди на клиентите сеопфатна и беспрекорна поддршка, од избор на возило, тест возење и до склучување купо-продажен договор.
Kia Concept EV4
Апликацијата ќе вклучува чет-бот со вештачка интелигенција кој ќе им помага на клиентите со прашања и ќе дава брзи одговори. Ќе вклучува и останати поволности кои ќе им го олеснат користењето на сопствениците и, што е најважно, функција „е-рутирање“ која ќе ја предложи најдобрата рута, вклучувајќи ги расположливоста на станиците за полнење, врз основа на моменталната состојба на батеријата на возилото.
KIA Concept EV3
Како дел од коалицијата од шест автомобилски компании, KIA работи на изградба на 30.000 станици за брзо полнење низ Северна Америка до 2030 година. Во Европа, брендот припаѓа на алијансата за инфраструктура за полнење Ionity поддржана од пет производители.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER