Лансиран пред три месеци, електричниот кросовер на KIA доби GT изведба и погон на сите тркала
KIA значително го проширува опсегот на перформанси на EV5. Сега на располагање е спортска верзија GT со погон на сите тркала и моќност од 306 КС. Видливи се ексклузивни елементи на дизајн, поголемо ниво на опрема, како и посебна конфигурација на подвозјето.
Стандардниот модел, претходно достапен само со погон на предните тркала, сега може да се нарача и во верзиите Earth и GT-Line со погон на сите тркала, но испорачуваат 40 коњи помалку. KIA EV5 GT испорачува вртежен момент од 480 Nm, забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,2 секунди и достигнува максимална брзина од 180 км/ч и автономија до 476 километри.
Верзијата со погон на сите тркала на „цивилниот“ EV5 развива 385 Nm, забрзува до 100 км/ч за 7,3 секунди. Она што е исто со верзијата GT е максималната брзина, а предност е што дофрла 25 километри повеќе.


