KIA EV5 Concept – Електричната офанзива се проширува

Нов кросовер на струја

Интензитетот на лансирање на електрични модели се зголемува

KIA како да не знае да сопре. По првенецот E-Soul и практичното Niro EV, спортскиот EV6 и големото спортско корисно возилоп EV9 наскоро ќе биде лансиран уште еден помал електричен кросовер.

Како и претходните, дел е од новиот дизајнерски јазик и софистициран технички пристап. Како што обично бива, EV5 беше прикажан како студија во Шангај, но речиси истовремено на пазарот ќе се појави со EV9.

Тоа значи дека EV5 треба да стигне во изложбените салони до крајот на годинава. Возилото е приближно исто како EV6 по должина и ширина, но е значително повисоко. Тенките фарови се надополнети со позадинско осветлување и обоена пластична површина.

Надворешноста и внатрешноста на студијата би требало во поголем дел да бидат задржани во сериската верзија. Првично EV5 ќе биде лансиран на кинескиот пазар, а европското деби се планира за идната година.

Интересна новост е позиционирањето на полнењето кое сега е лоцирано на предната десна страна. Ова покажува дека со EV5 е направен техничка измена на платформата E-GMP. Само за потсетување, кај EV6 и EV9, полнењето е лоцирано на задниот десен дел.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER