KIA EV2 – Европски производ

KIA започна со производство на EV2 во својата фабрика во Словачка.

Овој модел претставува значително засилување на електричната стратегија на марката за Европа во чија основа е токму погонот во Жилина. Покрај него сега таму се произведува и EV4 во хечбек изведба.

Модернизацијата на машинскиот парк за новите технологии која чинеше 200 милиони евра заврши минатово лето. Главна особеност на фабриката во Словачка која работи скоро две децении е високата флексибилност – на монтажната лента истовремено можат да се произведуваат осум различни модели.

Таа клучна карактеристика сега е дополнета и со можноста тие да бидат со електрични или класични погонски групи. Во фабриката која има капацитет за 300 илјади возила годишно работата 3.700 луѓе и повеќе од 600 напредни индустриски роботи.

Kia од новиот EV2 доста очекува. Настапувајќи во Б-сегментот овој мал хечбек со кросоверски линии се нуди во две изведби, со батерии доволни за 317 односно 453 километри автономија.

Подржува и двонасочно полнење а системот за навигација посебно е подесен да ги планира патувањата според достапноста на полначите. Цените во Германија му стартуваат од 26.600 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER