Неодамна претставениот концепт на мал електричен кросовер на голема врата ја претставува иднината на интериерите на марката.
Внатрешноста на Concept EV2 е дизајнирана да се чувствува отворена и беспрекорно поврзана што е одраз на дизајнерската филозофија на Kia „Opposites United“. Ги спојува компактните димензии со пространата флексибилност, нудејќи високо функционален, еколошки внимателен простор кој одговара на потребите на модерниот урбан живот.
Во интериерот ќе бидат вградени иновативни и напредни материјали изработени од обновливи извори како дрво, хартија и рециклиран текстил. Овој пристап ја намалува зависноста од традиционалната пластика и гарантира дека внатрешноста на возилото е и еколошки свесна и издржлива. Истиот пристап се применува и кај текстилните површини за кои се користи биоразградлив материјал изработен од коноп и материјали базирани на мицелиум.
Мицелиумот е обновлив, био-базиран материјал со одлични изолациони својства, помагајќи да се создаде поудобно опкружување во кабината, истовремено намалувајќи ја неговата зависност од синтетички, небиоразградливи материјали. Новите материјали темелно се тестираат за да се најде оптимална комбинација на премази, бои и адитиви. Овој темелен процес гарантира дека финалниот производ ги исполнува високите стандарди на Kia за издржливост, естетика и одговорност за животната средина, додека има за цел да ги исполни очекувањата на клиентите на кои приоритет им е квалитетот и грижата за животната средина.