Неодамна јапонската марка го претстави првиод моторцикл на светот на хибриден погон, а сега повторно го привлекува вниманието на себе. Овој пат компанијата претстави мотоцикл кој го користи водородот како погонско гориво. Мотрциклот е во фаза на тестирање и уште нема ознака ниту како име. За оваа намена регрутиран моторот со компресор од 998 кубни сантиметри од Ninja и ја има наставката H2. Тој го согорува водородот во своите три цилиндри поставени во линија.

Kawasaki зборува за возачко искуство кое, за разлика од горивни ќелии, е слично на она на бензинскиот мотор. Производителот на мотоцикли сè уште нема дадено никакви информации за моменталните перформанси или други технички детали. Дизајнот на машината сè уште изгледа малку необичен поради резервоарите за водород и технологијата, но целта е да се донесе мотоцикл со мотор со согорување на водород на пазарот до почетокот на новата деценија. Проектот започна во март 2023 година како дел од јапонската мрежа за истражување на погонот на водород, која ги вклучува и Toyota, Jamaha, Suzuki и Honda.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER