JLR воведува 5-годишна гаранција за Range Rover, Defender и Discovery

Гарантиран луксуз

Од 1 септември се зголемува гаранцијата за моделите на Range Rover, Defender и Discovery

Тригодишната гаранција е стандард во автомобилската индустрија, но во JLR веруваат во своите нови возила и после Jaguar сега и моделите на Range Rover, Defender и Discovery добиваат петгодишна гаранција или 150.000 километри, што прво ќе се исполни. Опфатени се сите модели вклучувајќи ги делумните хибриди и плаг-ин електричните хибриди. Со ова, на идните сопственици на возилата од британските марки им се дава дополнителна сигурност, која уште повеќе е потврдена со користењето на InControl Remote поврзаноста за истиот период.

Новите гарантни услови се однесуваат на сите модели низ Европа. Покрај зголемената сатисфакција, клиентите на овие марки ќе можат полесно да ги пресметаат оперативните и трошоците за одржување за подолг период, а продолжената гаранција ќе има и влијание врз вредноста на возилата кога ќе се продаваат како половни. InControl Remote апликацијата ќе им овозможи на корисниците да имаат едноставна и интуитивна интеракција со своите возила, дури и на големи растојанија. Со неа може да се провери преостанатото гориво и степенот на енергетско полнење, да се види дали вратите и прозорците се затворени или отворени и друго. Таа ја оптимизира и програмата помош на пат и во случај на потреба автоматски испраќа итен повик.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER