Jeep Wagoneer S – Електричен и глобален

За оваа година Јеер го најавува својот прв електричен модел што ќе се продава на сите светски пазари

Wagoneer S ќе биде модел само со електричен погон во кого марката ќе ги понуди сите атрибути по што е позната. Тоа значи дека ќе биде подеднакво способен да одговори на теренските услови на возење како и неговиот претходник со мотор на согорување. Новиот Jeep Wagoneer S е дел од тековната глобална иницијатива за електрификација на компанијата која ја остварува визијата на брендот за постигнување Слобода со нулта емисии. Во него е имплементиран специјално развиениот погон 4x кој е еквивалент на 4х4 за електричните возила на марката. Иако ништо не се споменува за капацитетот на батеријата, Јеер истакнува дека електромоторите ќе испорачуваат 600 коњски сили и молскавично забрзување од 0 до 100 км/ч од околу 3,8 секунди. Wagoneer S треба да биде лансиран во третиот квартал годинава.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER