Jeep vs. Jeep :: Сам против себе…

Сам против себе…

…или како Jeep сака со свој камен да мава по туѓа глава

Своевремено, заради популарноста и големата побарувачка на Jeep, американската компанија подели низ светот неколку лиценци за теренецот, меѓу кои и онаа на индиската Mahindra, која од 1954-тата па сé до 2010 година произведуваше повеќе свои верзии од него. Случајно истата година Индијците ги објавија своите планови за настан на пазарот на САД кои пропаднаа заради нивната неподготвеност да се справат со административните пречки и бизнис интересите на партнерите што ги избраа за тоа. Сепак не се откажаа од нив и годинава го претставија моделот Roxor наменет токму за освојување на Американците, за кого и беше изградена и нова фабрика во Мичиген. Овој модел кој води директно потекло од оригиналниот Jeep CJ успеа низ сите децении некои негови делови да задржи практично непроменети. Барем визуелно, што за FCA кој сега е сопственик на Jeep, е проблем кој треба да се решава на суд. Тоа што индискиот клон на нивниот некогашен предок има рустикален 2,5 литарски дизел мотор многу одамна лиценциран од Peugeot со скромни 63 коњски сили и постигнува максимални 45 милји на час (72 km/h), додуша електронски ограничени, за Fiat Chrysler не се факт кој укажува на тоа колкава конкуренција може да очекуваат од Roxor.

Фабриката на Mahindra во која се произведува Roxor има назив MANA, што е кратенка од Mahindra Automotive North America, и се наоѓа недалеку од централата на Chrysler во близината на Детроит.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER