Jeep Recon – Вториот електричен Јеер

Дојде време за претставување на вториот електричен модел на Jeep.

Наречен Recon, ги задржува класичните теренски пропорции со аглести облини на каросеријата и кратки препусти. Препознатливата маска е изведена како ЛЕД имитација, а како и Wrangler има врати кои лесно и брзо се симнуваат.

Иако некои детали изгледаат премногу шминкерски, Jeep Recon сепак поседува сериозни теренски својства почнувајќи од растојанието од подлогата од 24 сантиметри. Долг е 4,9 метри а пристојната проодност ја добива и од електромоторите моќни 650 коњски сили.

Забрзува до 100 километри на час за 4 секунди а електричната автономија му изнесува 400 километри. Производството ќе се одвива во Мексико, цената е поставена на 65.000 илјади долари а ќе биде понуден и во Европа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER