Меѓу другите свои новитети, Jeep го најави и обновениот Grand Wagoneer
Иако планиран за лансирање оваа есен, освен една единствена фотографија американскиот производител за својот најслабо продаван модел не објави ниту еден збор. Сепак од други извори се дознава дека Grand Wagoneer (кој во основа е луксузна верзија на Wagoneer кој би следел подоцна) би требало да има трилитарски линиски шестцилиндричен мотор со два турбо компресора и 540 коњски сили. Се споменува и 4xe варијанта со погонскиот склоп од Ram 1500 Ramcharger составена од 3,6 литарски електрично засилен V6 со системски 663 KS. За конкретна потврда на тоа сепак ќе мора да почекаме.


