Прва европска титула за Јеер
Европското жири по 60-ти пат го избра автомобилот на годината и како многу пати досега изненади – звучната титула за прв пат отиде кај Jeep за моделот Avenger. Креиран примарно за купувачите на Стариот Континент, овој најмал модел на американската марка кој се произведува во Полска првично е лансиран во своето електрично издание, додека бензинските ќе следат. Avenger од 57-те члена на жирито од 22 земји собра вкупно 328 поени, со што оствари добра разлика пред второпласираниот Volkswagen ID.Buzz.. Во образложението на жирито се вели дека атрактивниот и препознатлив дизајн, комфорниот ентериер и компактните димензии на Avenger му даваат исклучителна посебност во рамките на пазарот за кој е наменет. Stellantis има амбиции тој да стане најдобро продаван модел на Jeep во Европа, очекувајќи годишно да освои преку сто илјади купувачи.