Новата граница за брзина постигната на копно за возило на водороден погон е 650,112 км/ч!
Поминаа само четири дена кога британскиот инженерски гигант JCB постави нов светски рекорд за брзина на копно. Минатата сабота на соленото езеро Бонвил JCB Hydromax достигна 589,355 км/ч. Но, вчера под супервизија на FIA, на истото место, постигната е максимална брзина поголема за 60,757 км/ч. Автомобилот со два мотори со вкупна моќност од 1.600 КС, долг 10,6 метри, ги заврши двете возења потребни според правилата на FIA – по едно во секоја насока во рок од еден час. Просечната брзина на двете возења изнесуваше 650,112 км/ч. Со ова JCB Hydromax стана најбрзото возило на водороден погон во историјата.


