Jaguar Land Rover се заканува
Заради брегзит без работа ќе останата 40.000 луѓе
Објавено на 6 јули 2018 година
Jaguar Land Rover предупредува дека 300.000 луѓе можат да останат без работа ако Велика Британија ја напушти Европската Унија без силен договор за слободна трговија во областа на автомобилската индустрија. Оваа компанија која е најголем производител на возила во Британија тврди дека заради зголемувањето на тарифите ќе губи дури 1,2 милијарди фунти годишно. Тоа ќе ја направи иднината неизвесна на сите во синџирот на производство и снабдување со компоненти и репроматеријали, што ќе доведе во прашање 40.000 работни места во JLR и уште 260.000 во неговите кооперанти. Претходно слично предупредување упати и BMW укажувајќи на тоа дека во таков случај ќе мора да ги затвори производствените погони за британските гордости Mini и Rolls-Royce.
Премиерката Тереза Меј, пак, вети дека ќе ги сослуша големите компании и дека ќе се консултира со нив во врска со прашањата што се однесуваат за напуштањето на Велика Британија од ЕУ.