Месец и нешто ѝ требаше на компанијата да се врати во редовен режим
Конечно после многу неизвесности, Jaguar Land Rover се враќа во нормала – производството во сите фабрики е рестартирано после сајбер нападот кој се случи на почетокот на минатиот месец. Исто така и работите на трансформацијата фабриката за производство на електричните модели, проект вреден 500 милиона фунти повторно ќе стартуваат. Погоните се вратија во функција еден по еден, но производствениот обем сé уште ќе биде ограничен со оглед дека целата процедура мора да биде спроведена во фази и детално контролирана. Се проценува дека како последици на сајбер нападот JLR ќе има опаѓање на приходите во висина 1,5 милијарди фунти. Според првичните нецелосни податоци продажбата е опадната за скоро четвртина, што значи дека се продадени помалку преку 20 илјади возила. Владата на Велика Британија ќе помогне во опоравувањето на компанијата и нејзиниот синџир на добавувачи со кредит во висина од споменатите 1,5 милијарди фунти. Се смета дека со прекинот на производството индиректно се погодени 700 британски фирми со околу 150.000 вработени.


