Протекоа првите детали за електричниот Jaguar со кој компанијата планира нов почеток.
Но тоа нема да биде лесно бидејќи ќе тежи дури 2.700 килограми. Главната причина за тоа се батериите од 120 киловат-часа кои треба да му обезбедат автономија од 700 километри.
Ќе подржуваат полнење со струја од 350 киловати што значи дека за 300 и нешто километри пат ќе бидат потребни 15-тина минути. За задвижување ќе бидат задолжени три електромотора со вкупно повеќе од илјада коњски сили и напредно распоредување на вртежниот момент.
Се проценува дека забрзувањето до 100 километри на час ќе трае нешто повеќе од три секунди. За комфорни патувања оваа луксузна лимузина долга околу 5,2 метри ќе биде опремена со воздушно ослонување. На официјалната потврда на овие бројки сепак ќе се почека уште малку бидејќи проектот доцни, најмногу заради недовршениот развој на софтверот.


