Потврдено учеството за догодина
I-Type 5 е адутот
објавено 30. ноември 2020
По најавите на Audi дека е подготвен за идната сезона во шампионатот на Formula E, Jaguar го потврди своето учество. Британците ја искористуваат и новата регулатива за користење на погон што го развија во целост за да добијат знаење за идните возила од патничка и теренска гама со електрични мотори. Новиот систем е полесен и поефикасен и го спушта тежиштето на возилото. Новата суспензија треба да отвори дополнителни опции за прилагодување на шасијата во зависност од условите на трасата, а инверторот работи уште побрзо благодарение на неговите високо спроводливи својства со употреба на 24 каратно злато. Друга иновација во електричниот болид на Jaguar се тркачките седишта направени од одржлив материјал наречен Typefibre. Тркачките одела на Сем Бирд и Мич Еванс се направени и од рециклирани најлонски и полиестерски ткаенини.



