Jaguar – F-Type „75“

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

75 години спортски автомобили

Наредната година Jaguar ќе слави 75 години од историјата на спортските автомобили, кои датираат од 1948 година. Оваа прикаска започна со светската премиера на XK 120 на Саемот за автомобили во Лондон, а во портфолиото, покрај другите иконски модели, е легендарниот E-Type. По овој повод F-Type и F-Type R од јануари 2023 г. ќе бидат достапни како специјален модел „75″ во купе и кабриолет каросерија.

Моторот што ќе се користи е V8 во две верзии со 450 КС или 575 КС со надполнење. Jaguar F-Type 75 (опционално со погон на сите тркала) и F-Type 75 R AWD се поставени на тркала од 20 инчи, нови облоги на тркалата и поцрнета глава на предатор во решетката на ладилникот. Амблемите со силуетата на F-Type на предните браници беа специјално дизајнирани за моделите на годишнината. Возилата се истакнуваат во внатрешноста со специјално стилизираниот мотив на силуетата прикачен на централната конзола, праговите на вратите изработени од нерѓосувачки челик, спортските седишта во кожа Виндзор и облогата на покривот во црн премиум велур.

Jaguar го рафинира подвозјето на специјалното издание со голем број мерки кои го зголемуваат управувањето и чувството на управување. Во режимот на возење со конфигуративна динамика, карактеристиките на амортизацијата и управувањето, одговорот на командите на педалот за забрзување и точките на менување на автоматиката може индивидуално да се прилагодат. Опционално достапни се 21 килограм полесни карбон-керамички сопирачки со жолто обоени клешти и поголеми дискови.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 82.00 ден
  • еуросупер 98 - 84.50 ден
  • еуродизел Д5 - 73.00 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 82.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER