Засилен напон
2023 година уште не започна, Jaguar веќе покажа дел од планираните освежувања за моделската 2024!
Со дискретни оптички зафати британците само го нагласуваат техничкото модернизирање на F-Pace. Акцентот е ставен на намалување на штетните издувни гасови преку зголемување на дострелот на приклучните хибриди.
Jaguar F-Pace 400e доби поголема Литиум-Јон батерија која во својата архитектура има еднен модул повеќе. Со ова е зголемен нејзиниот капацитет на 19,2 kWh од каде ќе има доволно енергија за 65, наместо досегашните 53 километри според WLTP нормата.
Иако засилена е батеријата, системската сила остана иста, 404 КС, максимален обртен момент од 640 Nm и пренос на силата на сите тркала. Вака стокмениот F-Pace го апсолвира спринтот од стоечка позиција до стотка за 5,3 секунди, а сказалката на брзиномерот запира на 240 км/ч.
Во електричен модус на возење се достигнуваат 140 км/ч по што се вклучува класичниот мотор. Во сите нивоа на опременост се зголемува дигитализацијата. Веќе во основната изведба вклучен е 11,4 инчниот TFT дисплеј во улога на инструмент таблата и големиот централно поставен 12,3 инчен екран на допир одговорен за инфо-забавниот систем.
За непречена поврзаност со сите паметни уреди овозможени се Apple CarPlay, Android Auto, Amazon Alexa и софтверско надградување на возилото “over the air”


