Ioniq 5 е германски автомобил на годината

Струјата пред сé

објавено на 25 ноември 2021

Германците одлучија – струјата е таа што ќе нé вози во иднина. Затоа и по четврти пат титулата автомобил на година таму ја освојува електричен автомобил. Овојпат честа му припадна на Ioniq 5, со кој Hyundai конкретно и доста одлучно го започна својот пат кон електричната иднина. Така одлучи германското жири составено од 20 реномирани автомобилски новинари кои после опсежните пробни возења на корејскиот новитет му доверија повеќе свои гласови отколку на конкурентите. Оваа награда се доделува во пет категории, чии победници влегуваат во изборот за финалниот лауреат.

Тоа годинава беа Peugeot 308 (компакт со цена до 25.000 евра), Kia EV6 (премиум модел до 50.000 евра), Audi e-Tron GT (луксузен модел поскап од 50.000 евра), Ioniq 5 (возило со алтернативен погон) и Porsche 911 GT3 (перформансен модел). Претходни победници на овој избор се Honda e (2021), Porsche Taycan (2020) и Jaguar I-Pace (2019).

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER