Аура на новата генерација
Во рамките на Парискиот саем на автомобили остварив куса, но ефективна средба со Ориел Бресон, продукт менаџер за новиот Peugeot 408. Првично имав многу прашања, но однапред утврдениот термин моравме да го „компресираме“ поради најавувањето на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на штандот на Peugeot, па нив ги сведов на неколку на кои добив одговор во заедничката прошетка на штандот.
Во групацијата Stellantis за кусо време се појавија три слични производи, Peugeot 408, Citroen C4X и FIAT Fastback кој е наменет само за Латинска Америка. Како тоа ќе се одрази на пазарот?
Тие се многу различни автомобили! Во однос на дизајнот, позиционирањето, димензиите, архитектурата, перформансите… И ние не им се обраќаме на истите клиенти. Во генетскиот код на Peugeot 408 изразено е уживањето во возењето, однесување на патот, ефикасноста и со новиот пристап, кого го нарековме Allure (квалитет да се биде моќно и мистериозно привлечен или фасцинантен), забележувате дека нешто се случува на секој агол, секоја линија е извајана и целината му ја дава оваа уникатна експресивност. Во однос на архитектурата, јасно е дека Peugeot 408 е седан, тој е понизок од кросовер со своите 1,48 метри висина, но со растојанието од тлото од 189 mm можеби наликува на таква изведба. Ние се одлучивме за тоа само заради полесно влегување и излегување од кабината. Со големото меѓуоскино растојание кое е 2,79 метри, Peugeot 408 обезбедува удобен внатрешен простор, особено на задните седишта каде има голема простор за колената и главите.
Кои се основните вредности на 408, дали марката има намера да се врати во производство на лимузини?
408 е уникатен модел дизајниран според очекувањата на клиентите и длабоко инспириран од нашите вредности на брендот, а тоа се привлечност, емоции и извонредност. Allure пристапот е отелотворен од уникатноста на оваа нова генерација, кој делумно доаѓа од нејзината специфична морфологија. Својата сила 408 ја наоѓа во дизајнот на задната страна и во должината на неговата кабина која ветува одличен простор во возилото. Стилот на 408 е целосно посветен на неговиот концепт. Дизајнерскиот јазик е уште поизразен од остатокот од гамата, користејќи многу остри површини кои даваат дијамантски ефект играјќи си со светлината. АМ Кому е наменет Peugeot 408, каков профил на купувачи очекувате? АБ Тоа се клиенти кои бараат нови искуства, модерност, посебност и кои ги сакаат автомобилите. Со 408 ние нудиме нова алтернатива. Купувачите на хечбек модели од средната класа бараат поголема просторност, но со иста посветеност на возените својства. Исто така, љубителите на спортско-корисни возила од средната класа бараат попрепознатлив модел, бидејќи спортско-корисните возила и кросоверите станаа прилично вообичаени, со подинамично искуство во возењето. Од друга страна, поклониците на големите седани од повисокиот сегмент бараат модерни линии додека сакаат да ги задржат големиот простор и елеганција што ја нудат.
Тука спомнавте неколку различни групи на потенцијални купувачи кои, рака на срце, имаат различни потреби и очекувања од возилата…
Токму така, но ние не стравуваме од тоа. Тоа е причината што нашиот 408 го поставивме на три столба. Првиот, Allure, веќе го објаснив, а на него се надоврзуваат Emotion и Exellence. Емоциите се отелотворуваат со новата динамична позиција за возење во лимузина, со многу добро држење на патот и врвна удобност при возењето. Емоцијата исто така оживува, преку неговата ергономијата искажана со докажаниот Peugeot i-cockpit и новиот напреден систем i-Connect кој е лесен за користење како и вашиот паметен телефон, со гласовна контрола, поврзана навигација и надградби преку воздух. Исто така можете да го персонализирате со функции кои најмногу ги користите, благодарение на Peugeot i-Toggles, а воедно, може да се поврзете со пресликување или Bluetooth со 2 паметни телефони истовремено. На кратко, 408 нуди вистинска благосостојба во кабината не само за возачот, туку и за сите патници АМ Сите производители на возила се фалат со конективните и забавните системи во возилата. Дали тоа е колективно одалечување од основната функција на автомобилите? АБ Барем кај нас тоа не е случај! Наброените квалитети ги надополнува извонредноста (Exellence), третиот столб на кого се потпира 408. Во него се отелотворени чувството на сигурност благодарение на неговите кросоверски атрибути и најновата генерација на помагала за возење. Понуден е најдобар компромис во однос на емисиите на CO² благодарение на оптимизираната аеродинамика и ефикасниот опсег на погонски единици.
Што станува со динамичноста која од модерните возила се потпира на нисколитражните мотори и на имплементацијата на електричниот погон како аргумент за перформанси?
Глобалниот смер е економичност и намалување на загадувањето. Ние како компанија одлично сме позиционирани. Peugeot 408 нуди ефикасна палета на погонски единици, и тоа две верзии на приклучни хибриди при лансирањето и уште еден хибрид ќе се приклучи подоцна, како и потврдената 100% електрична верзија.
Новиот Peugeot 408 треба да дојде на пазарот, како што е најавено, во почетокот на идната година, мислам дека е јануари. Колкава ќе биде цената и дали ќе биде достапен веднаш на сите пазари?
Да, комерцијализацијата започнува во самиот почеток на 2023 година, но нарачките започнаа да се примаат. Ние ќе се трудиме да ги покриеме сите побарувања покрај актуелните предизвици со кои се судрува целата индустрија. За нас секој пазар е важен без оглед на неговата големина. За цените неможам да коментирам бидејќи се разликуваат на секој пазар поради различните ставки за царинење и оданочување…

Има информација дека почетната цена во Франција ќе биде околу 37.000 евра.
Можно е.
Во која насока ќе одат идните модели и дали сите тие ќе бидат микс од повеќе стилови на каросерија во едно?
На ова прашање немам одговор бидејќи неможам ја откријам иднината на брендот!




