Ineos Automotive – Grenadier

Вести насловна

Grenadier ќе расчитува мини!

Во најтешки услови на користење ќе бидат ставени 130 теренци

објавено 30. јуни 2021

По добивањето на спорот со Land Rover за правото за производство на модернизиратиот класичен Defender, Ineos Automotive продолжува да го форсира Grenadier. Овој пат ќе се испорачаат возила на најголемата светска организација за помош за расчистување на нагазни мини Хало Труст која ги отстранува смртоносните остатоци од вооружен конфликти и граѓански војни во 25 земји. За да ја поддржи својата работа во најчесто најоддалечените и најсиромашните области на светот, организацијата поседува повеќе од 1500 возила, вклучувајќи 600 теренци. Но, некои од теренските возила се стари повеќе од 40 години. Поради оваа причина, Halo Trust неодамна започна соработка со Ineos Automotive, производителот на Grenadier, кој сè уште не е достапен на пазарот. Како резултат на оваа соработка, Ineos Automotive ќе го искористи искуството на деминирачи во оддалечените области и најтешкиот терен во развојот на своето теренско возило.

За возврат, возилото треба да биде прилагодено на потребите на повеќе од 9.000 деминери на организацијата кои ќе имаат своја флота од специјално подесени возила. За опасната работа при расчистување на мините, на пример, се дадени прицврстувачки точки за оклоп на подвозјето, како и опции за складирање на опремата за расчистување. Покрај тоа, Halo Trust истите возила ќе ги користат како амбулантни за да ги однесат помагачите во најблиската болница во случај нешто да тргне наопаку со расчистувањето на мини. Честопати тука се потребни неколку часа возење далеку од асфалтирани патишта. Програмата за тестирање и развој на Grenadier предвидува повеќе од 130 прототипови да се користат во следните дванаесет месеци со кои ќе се поминат 1,8 милиони тест километри. Сериското производство на британското теренско возило е предвидено да започне следната година во поранешната фабрика Smart во Хамбах, Алзас.