In Memoriam – Corrado Provera

Поранешниот спортски директор на Peugeot, Корадо Провера, почина на 82-годишна возраст.

Тој беше клучен за успесите на Peugeot, особено во Светскиот шампионат во рели. Провера ја започна својата кариера како новинар од каде се префрли во одделението за комуникации на Chrysler.

Кога американската компанија се повлече од Европа, Провера премина во Peugeot. Откако започна во секторот за односи со јавноста. Поради своите способности тој стана потпретседател на Peugeot за комуникации. На неговите одговорности му се додаде улогата на спортски директор на Peugeot. Од таа позиција, во 1998 година одлучи да ја пресели марката од Формула 1 во Светскиот рели шампионат на FIA.

Се роди 206 WRC и постигна извонреден успех. Тимот доминираше во следните три години, освојувајќи хет-трик  во категорија на производители и две од три титули за возачи со Маркус Гренхолм. Поради неспорните достигнувања Корадо Провера беше член на управниот одбор на Peugeot од каде отиде во пензија. Остана запомнет како авторитетен, строг, правичен, харизматичен човек што ги решаваше предизвиците со голем елан и почитуван од неговите соработници.

Како некогашен новинар секогаш имаше време за своите колеги. Со задоволство се сеќавам на интервјуто што го направив 2000 година во Мароко, во кое планираните 15 минути, се протегнаа на час и половина.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER