IM LS8 – Дали ќе дојде во Европа?

Кинеската марка IM Motors чие име е кратенка за Intelligence in Motion односно интелигенција во движење претстави нов кросовер.

За број помал од водечкиот модел ја има ознаката LS8 и неговите стилски решенија – предните светла, браниците и препознатливите задни столбови со облик на перка на ајкула.

Должината од 5,1 и широчината од 2 метри обезбедува доволно простор за шест патници чија удобност ја гарантираат загреваните и вентилирани седишта со масажа и воздушното ослонување.

Управувањето е на сите четири тркала а електромоторот развива 313 коњски сили. Посилните верзии располагаат со два електромотора со вкупно 530 коњи. Според спецификациите чисто електричната автономија изнесува 355 односно 430 километри после кои се вклучува 1,5 литарскиот агрегат кој работи како генератор за струја.

Се очекува да има стартна цена од околу 35 илјади евра. Оваа марка која делува под закрила на SAIC и технолошкиот гигант Alibaba е присутна и во Европа но не е објавено дали и овој модел ќе биде понуден.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER