Третиот салон на мобилноста во Минхен ќе биде поинтернационален
Почнувајќи од 9 па до 14 септември Минхен ќе биде светски епицентар на мобилноста – тогаш започнува третиот IAA Mobility од кој стигнува силна порака – ќе биде поинтернационален од досегашните. Главна вест е дека Hyundai и Kia се вратија, а некои од другите го зголемија просторот на своите штандови и до три пати поголема површина. Уделот на меѓународните изложувачи е повеќе од 55 отсто а нивната разновидност е огромна – заедно со автомобилските производители ќе настапат и фирми како Bosch, CATL, Continental, Samsung или пак ZF, а ќе бидат присутни и Togg и Google. Покрај тематските рути за посетителите ќе бидат организирани и бројни професионални настани, меѓу кои и кинескиот светски конгрес за нови енергетски возила, конференцијата за електронска автомобилска индустрија, дијалогот за сајбер безбедност на податоците за возилата или пак денот на Африка на IAA 2025.



