И Њујорк постапките на Калифорнија

Top News Вести

Њујорк ќе ги забрани возила со класични мотори

За Калифорнија знаеме дека е пред времето, но потегот на сојузната држава Њујорк кажува дека во Америка дефинитивно дуваат нови ветришта

Објавено на 13 септември 2021 година

Гувернерката на Њујорк Кети Хокул не губеше време – една од првите работи откако пред две-три недели ја презеде функцијата беше најавата дека оваа сојузната американска држава до 2035 година ќе ги забрани возилата со мотори со внатрешно согорување. Иако дефинитивно политичка, оваа нејзина одлука ќе има пошироко влијание заради две работи – прво заради нејзината решеност бидејќи таа веќе го потпиша предлог-законот со кој ќе се забрани продажбата на неелектрични нови возила, а второ што доаѓа токму од Њујорк, а не од Калифорнија.

Според овој законски предлог, сите патнички автомобили и лесни комерцијални возила кои ќе се продаваат во Њујорк од 2035 година мора да бидат со нулти емисии, а камионите од 2045 година. Целта на оваа одредба е до 2050 година таму да се намали вкупната емисија на стакленички гасови за 85%.