Оптимизмот се шири од истокот
Hyundai Motor и нејзината филијала KIA предвидуваат зголемување на продажбата
Покрај недостигот на чипови и останатите предизвици што се исправија пред производителите на возила, по се изгледа, дека најмалку се одразија на Јужно Корејските марки. Hyundai и KIA лани продадоа 6,67 милиони возила, околу 3,7 отсто помалку од нивната заедничка цел од 6,92 милиони. Како најголема пречка се посочува недостигот на чипови што доведе до намалување на испораките на возила. За оваа година цел е да се прошири уделот на пазарот и да ја зголеми профитабилноста преку стабилизирање на снабдувањето со чипови. Таргетирано ниво на глобалната продажба е 7,47 милиони возила за 2022 година.

Аналитичарите велат дека целта на Hyundai изгледала разумно. Ли Јае-ил, аналитичар во Eugene Investment & Securities, очекува побарувачката на возила да остане силна и оваа година. Овој заклучок е поткрепен со испораката на задоцнетите нарачки, високото ниво на побарувачка од потрошувачите кои не можеа да купат возила минатата година и зголемување на понудата за да се одржи темпото на пазарот. Најдобар пример за тоа се потполно електричните Ioniq 5 и KIA EV6.


