Hyundai Venus & Earth – Астрологијата на потег

Во Кина, Hyundai настапува со потполно нови модели именувани според планетите на нашиот Соларен систем

Кинескиот пазар на електрични возила стана полигон каде што глобалните брендови често ги преиспитуваат своите правила од темел. Ioniq на глобалниот пазар имаше улога на премиум бренд електрични возила на Hyundai.

Сега Ioniq во Кина ќе настапи со ниту еден постоечки модел. Во пресрет на саемот во Пекинг, Hyundai најави дека сите идни модели на Ioniq наменети за Кина ќе се именуваат според планетите, наместо броевите. Мразот го кршат два концепта, Venus и Earth.

Првиот е елегантен седан кој силно потсетува на Lamborghini со четири врати, додека вториот е во форма на кросовер. Според Hyundai, серијата Ioniq ќе еволуира надвор од линијата на производи во поширок екосистем за мобилност прилагоден на локалните клиенти.

Hyundai вели дека Venus и Earth служат како дизајнерски барометри за идните производствени модели. Venus изгледа различно од кој било друг модел на Ioniq што сме го виделе досега. Како и Ioniq 5, тој е доста висок и има агресивен преден дел со тенки LED диоди и широка решетка.

Кабината е исто така доста интригантна, со мноштво златни акценти и панорамски екран за инфозабавниот систем, сличен на сегашниот Hyundai Elexio произведен во Кина. Колку од ентериерот на овој концепт ќе влијае на идните производствени модели останува да се види, но секако остава добар впечаток.

Кросоверот Earth е уште подраматичен. Погледот во кабината открива централен екран на допир сличен на таблет и специјални седишта со модули исполнети со воздух. Идните модели ќе бидат градени врз бескомпромисните принципи на Ioniq за безбедност и квалитет,

а наскоро ќе се воведат сериски модели кои ги комбинираат искуствата со паметно возење и паметна кабина што ги бараат кинеските потрошувачи. Сè уште не е објавено кога ќе биде лансиран првиот од неговите модели на Ioniq само за Кина, но тоа би требало да биде наскоро.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER