Hyundai – Staria

Поглед во иднината

Мешавина на емоции

Hyundai новото комбе го украси со смел дизајн и простор за девет патници

објавено 19. март 2021

Најдоцна до крајот на јуни годинава Hyundai ќе го претстави своето ново комбе Staria. Развиено е и за приватна и за комерцијална употреба и се карактеризира со особено строг ”монобокс“ дизајн и мазни површини на каросеријата. Впечатлива е големата маска на ладилникот во форма на саќе, што се постила по целиот долен преден дел на возилото, и дневните светла дизајнирани како лента. Покрај тоа, линијата на прозорецот е доста мала. Целосно дигиталниот кокпит има 10,25 инчен дисплеј на инструмент таблата и, се разбира, централен екран осетлив на допир. Staria е наменета за пазарите на Азија и САД додека за Европа не се размислува.