Hyundai не се шегува

Top News Вести

Електрификација во сите сегменти

Корејскиот производител го проширува Ioniq семејството со поевтини модели

Објавено на 14 септември 2021 година

Додека цел свет е свртен кон Volkswagen и неговите идни електрични модели, Корејците со скромни зборови најавија дека иднината нема да биде таква каква сега ја замислуваме. Имено, тие во Минхен немаа да покажат што ќе произведуваат за три или пет години, но затоа кажаа дека идното Ioniq семејство ќе биде проширено и со поевтини модели. Во овој момент тоа значи дека наследникот на Hyundai Kona EV ќе биде прекрстен како Ioniq 2 или 3, што и да биде, но и дека еден ден оваа суб-марка ќе стане она што денес е Hyundai – производител на пристапни возила за секого.

Иако согласно својот скромен карактер Корејците во најавите за иднината не изнесоа ама баш никакви колку-толку прецизни детали, сепак и самата оваа изјава е доволна да се сфати дека сé што имаат кажано, претходно добро е обмислено, издржано и во голем процент веројатно. Ако сепак сакаме да бидеме докрај прецизни во пренесувањето на информациите, ќе ги цитираме зборовите на Томас Шемера кој е задолжен за глобалниот маркетинг на корејската компанија, кој тука во Минхен рече: „Има смисла да се прошират сите придобивки поврзани со E-GMP платформата на помалите возила”.

Повеќе од ова, не треба ништо да се каже.