За само 57 години од основањето на компанијата, Hyundai произведе 100 милиони возила!
На скромната церемонија во чест на неверојатното достигнување Hyundai Motor во фабриката во Улсан во Јужна Кореја, компанијата го испорача своето 100 милионито возило, Hyundai Ioniq 5. Во таа чест возилото беше предадено на клиентот кој беше поканет да го превземе во нејзината фабрика во Улсан. „Постигнувањето на глобално производство од 100 милиони возила е значајна пресвртница, овозможена благодарение на нашите клиенти ширум светот кои го избраа и поддржуваа Hyundai Motor од самиот почеток“, рече Jaehoon Chang, претседател и извршен директор на Hyundai Motor Company. Тој напомена дека со преземањето храбри предизвици и постојаното стремеж кон иновации овозможија да се постигне брз раст и ќе овозможат компанијата да оди чекор понатаму кон следните 100 милиони единици кон трансформирање на мобилноста.


