Hyundai – Ioniq 5

насловна Поглед во иднината

Го отвора патот за нови два модели

Електричниот автомобил на Hyundai го цитира минатото и гледа во иднината

објавено 26. февруари 2021

Со претставувањето на Ioniq 5, Hyundai го лансира целосно редизајнираниот електричен автомобил. Првото возило на новата под-марка за електрични возила, кое беше стилски инспирирано од моделот Pony претставен во 1974 година, е значително поголемо од неговиот историски предок. Со вкупни 464 сантиметри, Ioniq5 е приближно долг колку Tucson и има многу просторен, флексибилен ентериер.

Базиран е на комплетно новата платформа E-GMP, која треба да биде основа за многу електрични автомобили на групата Hyundai. Во Ioniq 5 има четири различни конфигурации и тоа со батерија од 58 kWh со заден или 72,6 kWh со погон на сите тркала. Со малата батерија одат два различно силни мотори со 125 kW (170 КС) и 173 kW (235 КС). Големата батерија ги напојува посилните изведби со 160 kW (217 КС) со погон на задните тркала и 225 kW (306 КС) за верзијата со погон на сите тркала. Максималниот опсег, барем во официјалните податоци, достига 480 километри.

Можно е брзо полнење од само пет минути за дострел од 100 километри. Патем, Ioniq 5 може да влече приколка со вкупна тежина до 1.600 килограми и има максимална брзина од 185 км/ч. И двата податоци се невообичаено високи вредности за електричен автомобил. Една од најинтересните карактеристики на Ioniq 5 е лизгачката централна конзола што може да ја користат и предните и задните патници. Задната клупа исто така може да се помести за да се добие поголем багажник. Напредно е решението на надворешните ретровизори базирани на камери кои целосно го елиминираат ”мртвиот агол“. Воедно, Ioniq може да послужи и како извор на енергија за надворешни електрични уреди. Во духот на компанијата мајка можна е уште посилна N варијанта но за тоа сè уште не е одлучено. Првично се планираат уште два модели, имено спортскиот седан Ioniq 6 како директен дериват на концептниот автомобил Hyundai Prophecy и Ioniq 7 како големо спортско корисно возило. Основната изведба, која е патем речено максимално е опремена но, задвижувана е со најслабиот мотор со 170 коњи и батерија од 58 kWh ќе чини 41.900 евра во Германија, а лансирањето на пазарот е планирано за мај или јуни.