Hyundai Ioniq 5 – Светски автомобилна годината

Тројна круна за Ioniq 5

Во рамките на Њујоршкиот Мотор шоу беше одржано 17-то доделување на наградите „Светски автомобил на годината“ за 2022 година.

Сите рефлектори беа свртени кон Hyundai Ioniq5 кој годинава направи вистински подвиг. Не само што ја понесе титулата „Светски автомобил на годината“ тој се закити со уште две признанија и тоа Светско електрично возило на годината и за победник на наградата за Светски автомобилски дизајн за 2022 година. Како шлаг на тортата беше прогласувањето на Лук Донкерволке за личност на годината кој ја обавува функцијата извршен потпретседател, главен креативен директор на групацијата Hyundai. Жирито од 102 истакнати меѓународни автомобилски новинари од 33 земји ги избра победниците со тајно гласање врз основа на нивната оценка за секое возило што ги исполнува условите како дел од нивната професионална работа. За Светски автомобил на годината, жирито го избра IONIQ 5 од првичната влезна листа од 28 возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER