Hyundai – Ioniq 5 N NPX1

На автосалонот во Токио претставен е спортски нашмиканиот електричен кросовер

Hyundai нуди неколку модели со акцент на спортски манири кои ја носат ознаката N. За прв пат на i30 N, Elantra N и i20 N, ќе им се придружи електричен модел со драматичен изглед надграден врз Ioniq 5. Предниот дел на прототипот NPX1 изгледа значително поагресивно од обичниот модел благодарение на вградувањето на ревидиран браник, новите доводи за воздух и големиот дифузор. Дизајнерите на Hyundai имаат имплементирано аеродинамични перки на задните рабови на браникот што се поврзуваат со предните браници. Автомобилот исто така седи на сет од прилагодени хибридни карбонски тркала N Performance и обвиткани во гуми Pirelli P Zero.

Впечатливи се и надворешните ретровизори од јаглеродни влакна, како и новите прагови со аеродинамичен елемент обложен со сјајни карбонски влакна. Најочигледната модификација е поставувањето на високо поставениот заден спојлер од јаглеродни влакна, кој не само што изгледа кул, туку го зголемува потисокот на каросеријата на голема брзина. Hyundai не објави никакви внатрешни фотки на Ioniq 5 N NPX1, но вели дека има повеќе јаглеродни влакна и тркачки седишта. Hyundai дополнително ќе ги развива деловите прикажани на NPX1 оваа година пред да започне со продажба подоцна во 2024 година. Покрај тоа што ќе лансира голем број делови за Ioniq 5 N, ќе бидат понудени и разни нови N Performance Parts за другите модели N.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER