На меѓународниот салон на автомобили во Бусан Hyundai го претстави Inster
Како што најави пред неколку месеци, Hyundai го искористи домашниот терен за претставување на новото БЕВ кое наскоро ќе дојде и во Европа.
Inster е возило изработено во стил на кросовер, долго 3,80 метри и неговите корени допираат до моделот Casper кој се нуди во Кореја. За неговите европски, можеби и гпланетарни амбиции, каросеријата на Inster е подолга и поставена е на поголемо меѓуоскино растојание. Компанијата објави дека Inster нуди автономија до 355 километри.
Кокпитот се состои од два 10,3 инчни екрани за информации за возење и инфозабава. Рачката на менувачот се наоѓа директно на управувачкиот столб, така што централната конзола има простор за, меѓу другото, и индуктивно полнење на паметен телефон. Задното седиште е поделено на средина и може да се помести до 16 сантиметри. Hyundai го одредува волуменот на багажникот на околу 350 литри, кој може да се зголеми до 1059 литри со соборување на задната клупа.
Hyundai користи одржливи материјали и за надворешноста и за внатрешноста на Inster. Однадвор се користи црна рециклирана боја со висок сјај. Јаглеродниот пигмент кој традиционално се користи во црната боја се заменува со боја направена од рециклирани гуми. Во интериерот се користи рециклиран ПЕТ од шишиња и органски полипропилен од шеќерна трска. Стандардната верзија на Hyundai Inster има батерија од 42 kWh и моќност од 71 kW (97 КС), алтернативно достапни се 49 киловат часови и 85 kW (115 КС).
Вртежниот момент е 147 Њутн метри во двата случаи. На станицата за брзо полнење батеријата треба да се полни од десет до 80 проценти за половина час. Inster има функција да дава електрична инфузија на надворешни уреди (230 волти) и на тој начин овозможува двонасочно полнење на е-велосипеди, е-скутери или опрема за кампување. Опремата вклучува и камера од 360 степени и асистент за автопат. Европското патешествие ќе започне, каде ако не од Германија, на крајот на годината. Подоцна ќе има своја премиера на останатите важни пазари, а подоцна ќе се приклучи и моделска варијанта наречена Cross дотерана во „лесен теренски“ стил.


