Два интересни новитети во Ми-Да
објавено 15. декември 2020
Во очекувањето на новиот Hyundai Tucson кој треба да го видиме на домашна премиера в година, импортерот во својот салон ги изложи новите адути во субкомпактниот сегмент. Моделот i10 не е нов во гамата на корејската марка, но новата генерација покажува голем прогрес во употребените материјали, опременост како и завршна обработка. Нагласувајќи ги емоциите, дизајнерите направија интересна симбиоза на детаљи додека кај моторите нема изненадувања. Цената на i10 започнува од 11.300 евра. За да го купите Venue ќе треба да додадете 6.600 евра. По вокација крос-овер ја карактеризира гломазна контура на каросеријата, просторноста на кабината и употребливоста. Сегментот во кого Venue е лоциран е најконкурентниот во светот бележејќи повеќе од 20 модели. Кои му се адутите за да му започнува цената од 17.900 евра, се надеваме, набргу ќе откриеме.



