Hyundai и KIA влегуваат во војна со Кинeските марки!

Со намалување на цените на БЕВ, корпорацијата Hyundai – KIA сака да ја сопре доминацијата на кинеските марки во Европа!

Европа ќе биде новото бојно поле каде на мегдан ќе излезат кинеските и корејските марки. Тоа јасно го нагласи првиот човек на корпорацијата Hyundai-KIA Хозе Муњоз.

Според него, двата бренда се подготвени да влезат во ценовна војна со кинеските ривали. Тупаницата ќе биде KIA која би требало да ги намали цените на своите БЕВ во Европа за 15-20 проценти.

Овој потег покажува како Европа стана клучно бојно поле помеѓу традиционалните производители на автомобили и кинеските производители на електрични возила, како што е BYD. Продажбата на кинески автомобили се зголеми на Стариот Континент, принудувајќи ги конкурентите да понудат попусти и да воведат попристапни модели.

Регистрациите на BYD во Европа пораснаа за речиси 150 проценти во март оваа година, што е далеку над порастот во вкупната продажба и растот од 6 проценти што го пријавија KIA и Hyundai. Стратешкиот фокус на Пекинг се префрла од автомобилите кон други индустрии како што се вештачката интелигенција и роботиката.

Доколку Пекинг прекине со субвенционирањето  на произведените возила во Кина, тогаш тамошните производители ќе немаат „огнена моќ“ потребна за да продолжат понатаму. Хозе Муњоз, објави дека способноста за профитабилен раст не е на исто темпо како што растат кинеските брендови заедно.

Сепак, Јужно Корејските марки успеават да ја зголемуваат продажабата  и да бидат многу профитабилни.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER