Hyundai – E-GMP

насловна Поглед во иднината

Многунаменски можности

Електричната платформа на Hyundai нуди голема конструкторска слобода

објавено 04. јуни 2021

Со Ioniq 5, Hyundai наскоро ќе го лансира своето прво возило дизајнирано како чисто електричен автомобил. Основата за него и другите планирани модели е  Електрична глобална модуларна платформа E-GMP. Со него, електричните возила од под-брендот можат да бидат дизајнирани и конструирани пофлексибилно за различните потреби на купувачите кои ќе имаат корист од подобрениот опсег и, благодарение на технологијата од 800 волти, брз капацитет за полнење.

 

Една од најголемите предности на E-GMP е можноста за брзо полнење. На станица за полнење од 350 киловати, батеријата може да се наполни од десет до 80 проценти за 8 минути со употреба на технологија од 800 волти. За споредба, на возилото опремено со технологија од 400 волти би му биле потребни околу двапати подолго време за истиот процес на полнење. За домет од 100 километри неопходни се пет минути поминати на полнач. Системот овозможува употреба на станици за полнење од 800 и 400 волти без потреба од дополнителни компоненти или адаптери.  Благодарение на конверзијата на засилување, задниот електричен мотор и инверторот можат внатрешно да претворат полнење од 400 во 800 волти пред електричната енергија да стигне до батериите без оглед на реалниот напон на полначот. Покрај тоа постои и опција за двонасочно полнење. Високонапонската батерија тогаш функционира како еден вид енергетска банка и обезбедува напојување за надворешни електрични уреди како што се е-велосипеди, е-скутери или компјутери со максимална моќност од 3,68 киловати кога е во мирување со наизменична струја до 230 волти.

 

Јадрото на архитектурата на платформата е голем пакет батерии сместен рамно во подот на возилото, што му овозможува на Ioniq 5 да има домет до 485 километри според WLTP. Лежи помеѓу широко распоредените оски и длабоко во средината на платформата. Иновативната, интегрирана погонска оска, која служи и како погонско вратило и лежиште на тркалата, ја пренесува силата на електромоторот директно на тркалата. Hyundai ќе го нуди Ioniq и со заден погон и со погон на сите тркала.Според Hyundai, E-GMP ги редефинира пропорциите на возилата со електричен погон. Од ова профитираат патниците. Поради долгото меѓуоскино растојание и рамниот под на возилото значат повеќе простор за нозете, поголема удобност при долги патувања и, во исто време, поголема слобода на движење во внатрешноста. Предните и задните седишта, како и лизгачката централна конзола, можат да се прилагодат флексибилно. Стандардно платформата е дизајнирана за погон на задните тркала но може да се надополни и со погон на сите тркала со дополнителен мотор што нема да се одрази врз патничкиот простор.Hyundai планира да лансира единаесет целосно електрични возила во следните пет години. По Ioniq 5, ќе следат моделите Ioniq 6 и Ioniq 7.